• четврток, 27 јуни 2024

Асфалтирана улицата „46“ во Кисела Јабука, Општина Ѓорче Петров

Асфалтирана улицата „46“ во Кисела Јабука, Општина Ѓорче Петров
Скопје, 15 јуни 2022 (МИА) - Екипите на ЈП Улици и патишта денеска целосно ја асфалтираа улицата „46“ во Општина Ѓорче Петров во населеното место Кисела Јабука, информираат од Град Скопје.
-Градежните активности за асфалтирање на останатите локални улици во населените места Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор се одвиваат со забрзана динамика. Во овие пет населени места во општина Ѓорче Петров се гради нова патна ифраструктура со вкупна должина од околу пет километри, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, односно за првпат се асфалтираат на барање на граѓаните да добијат улици и услови какви што заслужуваат.
Градот Скопје, како што е наведено во соопштението, за оваа меѓуопштинска соработка одвојува четири милиони денари. дма/сст/

Остани поврзан