• четврток, 21 ноември 2024

Артета се восхитува на работата на Емери во Астон вила

Артета се восхитува на работата на Емери во Астон вила

Лондон, 13 април 2024 (МИА) - Тренерот на Арсенал, Микел Артета, пред натпреварот од Премиер лигата против Астон Вила изјави дека му се восхитува на работата на Унаи Емери, кој е шеф на стручниот штаб на тимот од Бирмингем.

- Унаи имаше огромно влијание врз клубот во однос на перформансите. Тие сè уште се во европските натпреварувања и одиграа во четвртокот вечерта во Конференциската лига. Навистина сум импресиониран од она што тој го прави, изјави Артета за „Би-би-си“.

Натпреварот помеѓу Арсенал и Астон Вила ќе се одигра утре со почеток во 17:30 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан