• недела, 22 декември 2024

Артета го продолжи договорот со Арсенал на уште три години

Артета го продолжи договорот со Арсенал на уште три години

Лондон, 12 септември 2024 (МИА) - Менаџерот на Арсенал, Микел Артета постигна договор со раководството на тимот за продолжување на договорот за период од три години, пишуваат англиските медиуми. 42-годишниот Шпанец пристигна на „Емирати“ во 2019 година од Манчестер Сити, каде три години му беше помошник на Пеп Гвардиола.

Тој го освои ФА Купот на крајот од својата прва кампања и заврши на второто место во последните две сезони, но влезе во последните 12 месеци од неговиот договор. Артета повика на смиреност минатиот месец во врска со ситуацијата со неговиот договор, инсистирајќи дека неговиот фокус е на трансфер прозорецот.

Новиот договор доаѓа пред дуелот на Арсенал со Тотенхем во Премиер лигата, кој е закажан за недела.

Досега Артета има 139 победи на 235 меча на чело на „топџиите“. Менаџерот имаше и пет сезони со Арсенал како играч, од кои две беше капитен. дс

Фото: Архива

Остани поврзан