• понеделник, 23 декември 2024

Арсенал нема да го продолжи договорот со Озил

Арсенал нема да го продолжи договорот со Озил
Лондон, 8 октомври 2020 (МИА) - Германскиот играч за врска Месут Озил ќе го напушти Арсенал следното лето откако му истече договорот, пишува „Дејли меил“. Според изворот, 31-годишниот Германец неодамна изразил незадоволство од управата и стручниот штаб на „Топчиите“, поради што е одлучено да не се продолжи договорот со него. Озил игра во Арсенал од 2013 година. Во сезоната 2019/20, тој одигра 23 натпревари за тимот, постигна еден гол и три асистенции. зс/

Остани поврзан