• понеделник, 23 декември 2024

Арсенал и Озил постигнаа начелен договор за прекин на соработката

Арсенал и Озил постигнаа начелен договор за прекин на соработката
Лондон, 16 јануари 2021 (МИА) - Најавите за можен трансфер на Месут Озил во Фенербахче се пред реализација, откако германскиот фудбалер со турско потекло постигна начелен договор со Арсенал за прекин на соработката. Лондонски „Дејли мејл“, повикувајќи се на ексклузивната информација што ја објави спортскиот портал „Атлетик“, пренесе попладнево дека Озил се согласил на предвремен прекин на договорот што истекува на крајот на сезоната. Озил има неделна плата од 350.000 фунти и Арсенал со негово предвремено заминување ќе заштеди седум милиони фунти. Поранешниот германски репрезентативец пристигна во Арсенал во 2013 година од Реал Мадрид, а сезонава нема одиграно ниту еден натпревар за „Топчиите“. Интерес да го донесат во своите редови има од турскиот прволигаш Фенербахче и екипата од американската МЛС лига ДЦ Јунјатед, а самиот Озил изминатиот период во неколку наврати најави дека сака да му се приклучи на клубот од Истанбул. ег/ми/

Тагови

Остани поврзан