Арагчи: Нов круг индиректни преговори меѓу САД и Иран за нуклеарната програма ќе се одржи во Рим на 3 мај
- Следниот круг индиректни преговори меѓу Иран и САД околу иранската нуклеарна програма ќе се одржи на 3 мај во Рим, соопшти иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.
Техеран, 30 април 2025 (МИА) -Следниот круг индиректни преговори меѓу Иран и САД околу иранската нуклеарна програма ќе се одржи на 3 мај во Рим, соопшти иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.
Преговорите се водат со посредство на Оман. Ова ќе биде четвртиот круг разговори – првиот и третиот се одржаа во Маскат, а вториот исто така во Рим.
Арагчи најави дека ден претходно, на 2 мај, ќе се одржи и средба меѓу Иран и Европската тројка – Франција, Велика Британија и Германија – кои ја претставуваат Европа во разговорите поврзани со нуклеарниот договор.
Индиректните преговори претставуваат обид за продолжување на дипломатските напори по повеќегодишниот застој во обновувањето на иранскиот нуклеарен договор, особено по повлекувањето на САД од договорот во 2018 година. ссм/
фото: архива