• вторник, 17 декември 2024

Анчелоти ја повлече својата изјава, Реал ќе настапи на Светското клупско првенство

Анчелоти ја повлече својата изјава, Реал ќе настапи на Светското клупско првенство

 

Мадрид, 10 јуни 2024 (МИА) – Тренерот на европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави попладнево дека неговите зборови во врска со евентуалното неучество на Светското клупско првенство биле погрешно интерпретирани, додека и „Кралски клуб“ објави соопштение во кое наведе дека неговото учество на турнирот никогаш не било доведено во прашање.

Откако Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) значително го намали наградниот фонд за клубовите кои ќе учествуваат на Светското клупско првенство, кое треба да се одржи на крајот од следната сезона во САД, Анчелоти во интервју за италијанскиот дневен весник Ил Џорнале, објавено денеска по повод неговиот 65 роденден. рече:

„ФИФА може да заборави на тоа, клубовите и играчите нема да учествуваат на тој турнир. Еден натпревар на Реал Мадрид вреди 20 милиони, а ФИФА ни ја нуди таа сума за цело натпреварување. Нашиот одговор е негативен. Како и ние, така и другите клубови ќе ја одбијат поканата“.

Сепак, подоцна во текот на денот Анчелоти изјави: „Ништо не може да биде понеточно од тоа што би ја одбил можноста да настапам на турнир кој го сметам за одлична можност да ја продолжам борбата за големи трофеи со Реал Мадрид“.

Во официјалното соопштение Реал објави: „Како што е планирано, нашиот клуб со гордост и ентузијазам ќе учествува на ова официјално натпреварување за да ги исполни соништата на милиони наши навивачи ширум светот со нов трофеј“.

Следното Светско клупско првенство за прв пат ќе биде во нов формат со учество на 32 екипи, од кои 12 европски со најдобар коефициент. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан