• среда, 06 ноември 2024

Антониа и Илина се првите новороденчиња во Битола

Антониа и Илина се првите новороденчиња во Битола

Битола, 1 јануари 2024 (МИА) - Антониа која се роди десет минути по полноќ во ПЗУ „Плодност“ и Илина која се роди во 02:07 часот во ЈЗУ Клиничка болница, се првите новороденчиња во Битола во 2024 година.

Во ПЗУ „Плодност“ на првиот ден од новата година се роди и едно машко дете, Матео чија мајка е од Прилеп додека во ЈЗУ Клиничка болница на Одделението за гинекологија се родија уште две машки бебиња, на кои пригодни подароци им додели градоначалникот Тони Коњановски.

-Денес сме тука со колегите од мојата професија, каде што присуствуваме на убав чин, каде во име на граѓаните и на Општина Битола им доделивме скромни подароци за новороденчињата. Добро здравје и успеси за сите, истакна градоначалникот Коњановски, по посетата на на двете здравствени установи. мт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан