• понеделник, 23 декември 2024

Анкета: Нова демократија со двојно поголема предност пред СИРИЗА во пресрет на европските избори

Анкета: Нова демократија со двојно поголема предност пред СИРИЗА во пресрет на европските избори

Атина, 21 мај 2024 (МИА) – Речиси 16 отсто е разликата меѓу владејачката Нова демократија и опозициската СИРИЗА, во пресрет на европските избори во Грција на 9 јуни, според резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Opinion poll“, спроведено за грчката телевизија „Action24“, јави дописничката на МИА од Атина.

Нова демократија е стабилна на првата позиција со 29,1 отсто, СИРИЗА е втора со 13,5 проценти, на третото место е ПАСОК со 10,6 отсто, а десничарската националистичка партија Грчко решение е четврта политичка сила во земјата со 8,7 проценти.

Во однос на тоа колкав е интересот на граѓаните за европските избори 65,1 отсто од анкетираните вели „многу“ или „доста“, додека пак на прашањето колку е веројатно да не излезат на гласање, 77 проценти одговориле „малку“ или „воопшто“.

На европските избори во 2019 година, Нова демократија победи со 33 отсто, СИРИЗА беше втора со 23,7 проценти, а ПАСОК освои 7,7 отсто.

Истражувањето на јавното мислење на „Opinion poll“, за грчката телевизија „Action24“ било спроведено од 15 до 18 мај со анкетирани 1.006 лица. ср/

Остани поврзан