• понеделник, 22 јули 2024

Анкета на агенцијата „Рејтинг“ за градоначалници на Општина Карпош: Весковски прв, Зафировски втор, Ристовски трет

Анкета на агенцијата „Рејтинг“ за градоначалници на Општина Карпош: Весковски прв, Зафировски втор, Ристовски трет
Скопје, 6 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Карпош од редовите на СДСМ, Душко Весковски е прв, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Оливер Зафировски е втор, Дарко Ристовски од Левица е трет, Стевчо Јакимовски од ГРОМ е на четврто и Христа Најденов од Коалицијата ЛДП и ДОМ на петто место на теренската анкета спроведена од агенцијата „Рејтинг“ врз 700 испитаници, објавена денеска од „Фокус“. На прашањето „Доколку изборите се одржат утре, за кој од овие шест кандидати би гласале?“, најмногу или 35,7 проценти одговориле за Душко Весковски од СДСМ, потоа 25,4 проценти за Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ, 8,6 проценти за Дарко Ристовски од Левица, 8,4 отсто за Стевчо Јакимовски од ГРОМ и 1,9 проценти за Христа Најденов од Коалицијата ЛДП и ДОМ. Околу 8,6 отсто од испитаниците рекле дека „се уште не одлучиле за кого ќе гласаат“, 6,7 проценти рекле дека „нема да гласаат“ и 4,7 отсто „одбиле да одговорат“. аа/сп/

Остани поврзан