• понеделник, 01 јули 2024

Анкета: Марин Ле Пен се наметнува како политичка фигура која ќе игра важна улога во иднина во Франција

Анкета: Марин Ле Пен се наметнува како политичка фигура која ќе игра важна улога во иднина во Франција
Париз, 29 април 2021 (МИА) - Претседателката на Националниот собир успева да го собере незадоволството на дел од Французите и се повеќе зазема позиција како прв противник на актуелниот претседател Емануел Макрон, јави дописникот на МИА. Месечната анкета на магзинот Фигаро покажува зголемување на рејтингот на Ле Пен за осум проценти за еден месец, со што таа е на второ место, веднаш зад Едуард Филип, но пред Никола Хулот. Пораастот на рејтингот на Ле Пен една година пред претседателските избори во Франција може да ги загрижи нејзините противници, како од десницата, така и од левицата, но и самиот Макрон. Според анкетата Макрон има доверба 35 отсто од Французите, додека 58 проценти немаат доверба. Сепак во истиот период од мандатот, Макрон има повисок рејтинг од неговите претходници Франсоа Оланд и Никола Саркози. тг/ми/

Остани поврзан