• петок, 22 ноември 2024

Анита Алоска е назначена за в.д директорка на НУ „Охридско лето“

Анита Алоска е назначена за в.д директорка на НУ „Охридско лето“

Охрид, 4 септември 2024 (МИА) - Анита Алоска е новата в.д. директорка на Националната установа „Охридско лето“.

Со решение на Министертвото за култура и туризам,  Алоска е назначена на раководната функција по неотповикливата оставка на досегашната директорка, Наташа Поповиќ, која изминативе шест години беше на чело на оваа најзначајна музичко-сценска манифестација во државата.

Алоска е од редот на вработените а во институцијата работи од 2007 година. Таа и во 2012 година ја извршуваше функцијата в.д директорка на НУ „Охридско лето“. аб/са/

Фото: Охридско лето

 

Остани поврзан