• понеделник, 23 декември 2024

Андоновска: ГРОМ ќе се залага за изградба на пет домови за стари лица ширум државата и 10 геријатриски центри

Андоновска: ГРОМ ќе се залага за изградба на пет домови за стари лица ширум државата и 10 геријатриски центри

Скопје, 19 април 2024 

Денеска сме во посета на Старскиот дом ,,Мајка Тереза" во Скопје, кој работи во склоп на Геријатрискиот центар 13 Ноември - Скопје.
Старскиот дом Мајка Тереза е единствен државен старски дом во Скопје и згрижува само 75 лица. Во Македонија постојат само 4 државни старски домови од ваков тип: Скопје, Куманово, Битола, Прилеп и Берово со вкупен капацитет од 650 - 700 стари лица.
 
Македонија има итна потреба од 15 Старечки домови. Друг  и многу сериозен е проблемот со Геријатриските центри. Во Македонија постои само еден Геријатриски центар во Скопје. Состојбата е алармантна земајќи во предвид дека младите луѓе масовно се иселуваат од државата и популацијата старее.
Старите лица мора да се згрижат.

Ќе инсистираме за нови 15 Старечки домови ширум државата и 10 геријатриски центри кои за почеток би биле во склоп на општите болници кои може да ослободат 30 - 40 болнички кревети за оваа намена, со што би имале и медицински третман.
 
При посетата разговаравме со раководителот на старскиот до г-дин. Драган Павлов и ги скениравме сите проблеми. Воедно го посетивме и штандот на рачни ракотворби на жените сместени во домот и купивме ракотворби со желба да се помогне на нашите драги сограѓани.

Изјава за медиуми на Добрила Андоновска, носител на листа во ИЕ1

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: ГРОМ 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан