• понеделник, 23 декември 2024

Англија и Шпанија со најмногу екипи во плејофот од еврокуповите

Англија и Шпанија со најмногу екипи во плејофот од еврокуповите
Лондон, 11 декември 2020 (МИА) – По одигрување на последното коло од групната фаза во Лигата на Европа, од синоќа познати се сите учесници во плејофот на европските фудбалски купови. Сите седум шпански и седумте англиски екипи кои ја започнаа оваа сезона (4 во Лигата на шампионите, 3 во Лигата на Европа), ќе играат во пролетната фаза од европските натпреварувања. Останатите земји загубија свои претставници за време на групната фаза. Покрај шпанските и англиските екипи место во нокаут-фазата обезбедија и: шест германски тимови (4 во Лигата на шампионите, 2 во ЛЕ); шест италијански екипи (3 + 3), три клуба од Португалија (1 + 2), два француски тима (1 + 1), два тима од Холандија (0 + 2), два од Австрија (0 + 2), два од Белгија (0 + 2), два од Украина (0 + 2), и по еден од Русија, Шкотска, Израел, Србија, Чешка, Хрватска, Грција, Швајцарија и Норвешка и сите овие ќе бидат дел од Лига Европа. зс/

Остани поврзан