• недела, 22 декември 2024

Американските морнари ако не се вакцинираат против Ковид-19 ќе мора да ја напуштат армијата

Американските морнари ако не се вакцинираат против Ковид-19 ќе мора да ја напуштат армијата
Вашингтон, 17 ноември 2021 (МИА) - Припадниците на Морнарицата на САД кои ќе одбијат да се вакцинираат против Ковид-19 ќе мора да ја напуштат армијата и би можеле да изгубат некои од бенифициите кои ги имаат ветераните, соопшти американската морнарица. Рокот за целосна вакцинација е 28 ноември. Морнарите можат да поднесат барање за ослободување од медицински или религиозни причини, но ако тоа барање биде одбиено, тој мора да започне со вакцинација во рок од пет дена. Морнарите кои ќе одбијат да се вакцинираат ќе ги изгубат бенифициите за образование, унапредување и бонуси. Повеќе од 99 отсто од активните морнари примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19, а 95 проценти се целосно вакцинирани. Додека морнарите во резерва имаат рок до 28 декември да се вакцинираат.  ми/

Остани поврзан