• понеделник, 01 јули 2024

Американска агенција за вселенски истражувања: Индија е партнер во програмата за летање со екипаж во вселената

Американска агенција за вселенски истражувања: Индија е партнер во програмата за летање со екипаж во вселената

Бенгалуру, 1 јули 2024 (МИА) - Американската агенција за вселенски истражувања (SERA) денеска ја објави Индија како земја партнер во нејзината програма за летање со екипаж во вселената, која ќе вклучува лансирање на шест цивилни вселенски летала со астронаути од целиот свет.

Програмата, која се спроведува во соработка со компанијата Blue Origin, е наменета за луѓе од земји кои испратиле „мал број или ниту еден астронаут во вселената“, објави агенцијата.

По обуката на локација за лансирање во Западен Тексас, избраните учесници во оваа програма ќе завршат 11-минутно патување со суборбиталната ракета „Њу Шепард“ за повеќекратна употреба на Blue Origin. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан