• недела, 05 јануари 2025

Амбасадорот на Русија во ОН ги нарече „неинтересни“ предлозите на тимот на Трамп за крај на војната во Украина

Амбасадорот на Русија во ОН ги нарече „неинтересни“ предлозите на тимот на Трамп за крај на војната во Украина

Вашингтон, 3 јануари 2025 (МИА) - Тимот на избраниот претседател на САД Доналд Трамп сè уште нема понудено ништо „интересно“ за Москва околу крајот на војната во Украина, изјави Василиј Небензја, рускиот амбасадор во ОН.

-Тоа се некои неоформени и нејасни сигнали за подготвеност за нешто. Често го слушаме зборот „замрзнување на конфликтот“. Претседателот (Владимир) Путин последен пат на 19 декември јасно и недвосмислено кажа под кои услови сме подготвени да разговараме, не за да го замрзнеме, туку за да го завршиме овој конфликт...Но засега ништо од сигналите на новата американска администрација не укажува на тоа дека тоа е нешто што би било интересно за нас, рече Небензја во интервју за телевизијата „Русија-24“.

Според него, во последно време „сигнали за некои договори“ доаѓаат и од украинска страна, но дека тие не можат да се примат сериозно.

-Прашањето е кога конечно ќе можеме да претпоставиме за одлуката на (претседателот на Украина, Владимир) Зеленски да седне на преговарачка маса, на која линија на бојното поле ќе има допирни точки. Колку подолго се  одложува, толку полоши ќе бидат условите за него, за тоа одамна му беше кажано. Одлуката е негова, истакна Небензја. кб/ссм/

Остани поврзан