• недела, 07 јули 2024

Ал Хилал подготвен да му плати на Нејмар 600 милиони евра за тригодишен договор

Ал Хилал подготвен да му плати на Нејмар 600 милиони евра за тригодишен договор

Ријад, 3 јули 2023 (МИА) - Раководството на Ал-Хилал сака во својот тим да го види крилниот напаѓач на бразилскиот ПСЖ, Нејмар, тврди новинарот Јакуп Чинар.

 

Бразилецот може да добие во саудискиот клуб 600 милиони евра за тригодишен договор.

 

Договорот на 31-годишниот Нејмар со ПСЖ истекува во летото 2025 година. Тој се пресели од Барселона во парискиот тим во 2017 година.

 

Во сезоната 2022/23, Нејмар забележа 29 настапи за парижаните во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 голови и 17 асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан