Алонсо: Пелистер има потенцијал, но мора и многу да работи
- Многу сум среќен и возбуден што сум тука. Имав топло добредојде од сите и ми покажаа дека им е драго што сум тука. Едвај чекам да работам со тимот. Заедно одработивме еден тренинг, на почеток сме на проектот. Среќен сум што сум дел од градот и клубот, изјави новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо во своето прво интервју за клупскиот сајт.
Битола, 18 ноември 2024 (МИА) - Многу сум среќен и возбуден што сум тука. Имав топло добредојде од сите и ми покажаа дека им е драго што сум тука. Едвај чекам да работам со тимот. Заедно одработивме еден тренинг, на почеток сме на проектот. Среќен сум што сум дел од градот и клубот, изјави новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо во своето прво интервју за клупскиот сајт.
-Од она што го видов имам многу импресии поврзани со тимот. Има простор за голем напредок и можност екипата да биде во корелација со емоциите од трибините, од овој ракометно историски град. Знам дека нашата сала и нашите навивачи се посебни. Ова е ново животно искуство за мене, тимот има потенцијал, но мора и многу да работи, истакна Алонсо.
Тој им порача на фановите дека е среќен што се приклучил на тимо.
-Доаѓам на место кое бара многу од еден тренер, но може да кажам само што рече Јирген Клоп: Да создадеме култура во која сомнежите ќе ги претвориме во луѓе кои веруваат. Ние веруваме, мора да веруваме, секојдневно да работиме за да ги задоволиме нашите навивачи. Но, и порачуваме дека и тие ни се потребни, бидејќи со нив имаме еден, дури и два играчи повеќе, додаде новиот тренер на битолскиот тим. дс
Фото: Принтскрин