• среда, 03 јули 2024

Алегри: Јувентус сака да заврши на второто место за да игра во Суперкупот

Алегри: Јувентус сака да заврши на второто место за да игра во Суперкупот

Торино, 26 април 2023 (МИА) – Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри проговори за амбициите на неговиот им во домашните натпреварувања.

 

Јувентус вечер од 21 часот му гостува на Интер во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија (прв натпревар - 1:1).

 

- Ако одиграме добро и имаме среќа, ќе стигнеме до финалето. Ако не, да му честитаме на Интер. Во оваа фаза од сезоната сите натпревари се одлучувачки. Во Серија А мораме да се вратиме на победничките патеки, но за тоа ќе почнеме да размислуваме од утре. Сакаме да завршиме втори - ова ќе ни гарантира учество на Суперкупот следната година, изјави Алегри.

 

Од 2024 година, четири екипи ќе се борат за италијанскиот Суперкуп: двата најдобри клуба во Серија А и двата финалисти на Купот на Италија. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан