• вторник, 02 јули 2024

Алаба неизвесен за реваншот на Реал против Манчестер сити

Алаба неизвесен за реваншот на Реал против Манчестер сити

Мадрид, 3 мај 2022 (МИА) - Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба најверојатно ќе го пропушти реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер сити, објави „Марка“.

Според шпанскиот спортски весник, 29-годишниот фудбалер го пропушти последниот тренинг на Мадрид. Постои можност поради повреда да не може да учествува на натпреварот со англискиот првак.

Реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите Реал – Манчестер сити ќе се одржи утре, 4 мај, на „Сантијаго Бернабеу“. Средбата започнува во 21 часот. Првиот натпревар Сити го доби со 4:3.

Вечерва од 21 часот се игра првото полуфинале. Во него ќе се соочат Виљареал и Ливерпул. Првиот меч го доби англискиот претставник со 2:0. зс/

Остани поврзан