• вторник, 05 ноември 2024

Акција за спасување на околу 70 мигранти во близина на грчкиот остров Карпатос

Акција за спасување на околу 70 мигранти во близина на грчкиот остров Карпатос

Атина, 21 јули 2023 (МИА) – Во тек е акција на крајбрежната служба на Грција за спасување на група од околу 70 мигранти во близина на грчкиот остров Карпатос, јави дописничката на МИА од Атина. 

Портпаролот на крајбрежната служба Никос Алексиу за грчката телевизија ЕРТ објасни дека преку бројот за итни случаи 112 биле информирани дека северозападно од Карпатос постои едрилица со мигранти.

По два и пол часа биле пронајдени, сите се безбедни и во добра состојба и ќе бидат префрлени на некој од островите каде што постои Центар за прием и регистрација на бегалци и мигранти. ср/сд/

Остани поврзан