• понеделник, 23 декември 2024

Азески: Ако не се преземе ништо со струјата, загубите на компаниите ден ќе бидат се поголеми

Азески: Ако не се преземе ништо со струјата, загубите на компаниите ден ќе бидат се поголеми
Скопје, 3 мај 2022 (МИА) - Зголемување на домашното производство на електрична енергија преку докапитализација на АД ЕСМ, инвестирање во фотоволтаици и субвенционирање на дел од трошоците за струја за компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, како и за индустријата, предлага Стопанската комора на Северна Македонија, со цел да се ублажи кризата со енергенсите и подготвено да се пречека новата грејна сезона. Комората предлага и штедење на електричната енергија и нејзина рационализација за што државата итно треба да донесе наредба на кој начин тоа ќе го спроведе. - Секој следен ден загубите на компаниите ќе бидат сѐ поголеми, ако во меѓувреме не се преземе нешто. Затоа Комората порачува дека конечно мора да се направат дополнителни напори за обезбедување што поголемо и економски прифатливо решение за домашно производство на електрична енергија, паралелно со сериозни активности во доменот на зголемувањето на енергетската ефикасност, како во делот на производството на електрична енергија така и во делот на нејзината потрошувачка и на нејзиното рационално користење, вели претседателот на СКСМ Бранко Азески. Тој предупредува и дека Директоратот за добрососедство при Европската комисија се насочува кон земјите од Источното партнерство односно кон Украина, Молдавија и Грузија и дека доколку тоа се оствари, тогаш разочарувањето на земјите од Западен Балкан ќе биде огромно. - Минатата недела некако срамежливо до мене стигнаа информации дека надлежниот Директорат за добрососедство при Европската комисија дава налог сите сили на Директоратот да се насочат спрема земјите на Источното партнерство, иако истиот тој Директорат е надлежен и за Западен Балкан. Источното партнерство е синоним за соработката со три земји - Украина, Молдавија и Грузија. Едноставно и просто, тие земји сега се ставаат на брзиот воз кој се движи кон Брисел. Мислам дека ако ова и се оствари, разочарувањето на Западен Балкан кон Европската Унија ќе биде огромно. Исто така, морам да укажам и на непрофесионалниот однос на еврокомесарот Вархеји, кој, иако уредно поканет и со прифатена покана од него, како учесник на состанокот на Бизнис-советот на Коморскиот инвестициски форум (28.4.2022 г.), во последен момент нѐ извести дека од неопходни причини на Балканот нема да присуствува на средбата. Многу е несериозно едно толку високо позиционирано лице во Европската Унија по вторпат да прави грешки кои оставаат траги во нашата меѓусебна соработка, вели Азески. бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан