• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

„Музика и Политика” – мултимедијално предавање на поранешниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ

„Музика и Политика” – мултимедијално предавање на поранешниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ

Скопје, 7 април 2025 (МИА) - Во просториите на Меѓународниот Балкански Универзитет денеска ќе се одржи предавање на поранешниот претседател на Република Хрватска, проф. д-р Иво Јосиповиќ, на тема „Врската помеѓу музиката и политиката“.

Предавањето е организирано од Меѓународен Балкански Универзитет (МБУ), во соработка со Меѓународниот Центар Алијанса на Цивилизациите (ICAC).

-Настанот претставува уникатна можност за академската заедница и пошироката јавност да слушнат и да дискутираат со проф. Јосиповиќ на тема која ретко се отвора во академски контекст: „Врската помеѓу музиката и политиката“, соопштија организаторите.

Проф. д-р Јосиповиќ, покрај неговата државничка кариера, е познат како правен експерт и композитор со уметничко портфолио кој неодамна ја објави неговата опера „Ленон” инспирирана од последните часови од животот на Џон Ленон.  Неговото предавање ќе понуди длабински увид во интеракцијата помеѓу уметноста и политиката, преку призмата на неговото лично и професионално искуство.

Настанот е отворен за јавноста и претставува дел од пошироките активности на МБУ и ICAC за промоција на академскиот дијалог и интердисциплинарната соработка.бт/вг/

Фото: МИА Архива

 

 

Остани поврзан