• вторник, 05 ноември 2024

Азербејџан го заврши процесот на преземање на територија

Азербејџан го заврши процесот на преземање на територија
Баку, 1 декември 2020 (МИА) - Азербејџан денеска го заврши процесот на преземање на територијата што Ерменија ја предаде во согласност со мировниот договор, во кој посредуваше Русија и завршија шестнеделните судири во Нагорно-Карабах. Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев го поздрави враќањето на контролата над тие области како историско достигнување. - Сите живеевме со еден сон и сега ни се исполни. Извојувавме победа на бојното поле и во политичкта арена и таа победа отвора нова ера за нашата земја. Следи период на развој, безбедност и напредок, посочи Алијев. Регионот Лачин, кој се наоѓа помеѓи Нагорно-Карабах и Ерменија, последната од трите области е денеска предадена од страна на ерменската армија. Лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија, Владимир Путин, Алијев и Никол Пашињин на 10 ноември потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на судирите во НАгорно-Карабах. Со договорот е предвидено дел од регионот да биде под контрола на Азербејџан, Баку и Ереван да разменат заробеници, а руските мировни сили да бидат расоредени долж контакт линијата и долж Лачансикиот коридор што го поврзува Нагорно-Карабах со Ерменија. ми/

Остани поврзан