• вторник, 23 јули 2024

Азар размислува да ја заврши кариерата во 2024 година

Азар размислува да ја заврши кариерата во 2024 година

Мадрид, 8 мај 2023 (МИА) - Еден Азар може да ја заврши кариерата во 2024 година. Според „Relevo“, Белгиецот размислувал да ја заврши кариерата во последните неколку месеци по истекот на договорот со Реал Мадрид во летото 2024 година.

 

Во исто време, се забележува дека Азар не донел конечна одлука за својата иднина - тој е подготвен да ги разгледа предлозите кои би му овозможиле повторно да ужива во играта.

 

Белгиецот е контактиран од неколку клубови од САД и Блискиот Исток, но засега нема конкретни понуди за трансфер.

 

Во исто време, Азар чувствува дека веќе го покажал најдоброто од себе во фудбалот, а изгледите да ја заврши кариерата во Реал Мадрид, клубот во кој отсекогаш сакал да игра, го мотивира.

 

Азар претходно потврди дека сака да остане во Реал Мадрид и следната сезона. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан