• понеделник, 23 декември 2024

АД ЕСМ: Лошата кондиција на производните капацитети е причина за набавка на електрична енергија

АД ЕСМ: Лошата кондиција на производните капацитети е причина за набавка на електрична енергија

Скопје, 17 септември 2024 (МИА) - ЕСМ Продажба овој период објави отворен повик за рамковен договор за купопродажба на електрична енергија на слободниот пазар, поради затекнатата состојба во која се наоѓаат постојните домашни капацитети во државна сопственост, информираат од АД ЕСМ.

-Новото раководство се соочува со ненавремено завршени летни ремонтни активности во РЕК Битола и РЕК Осломеј и ниската кота на хидропотенцијалите чии акумулации се под просекот за овој период од годината заради лошото менаџирање на хидро ресурсите во изминатите неколку месеци, соопшти АД ЕСМ.

Набавката на електрична енергија, се вели во соопштението, ќе му овозможи на АД ЕСМ да ги реализира плановите за подобрување на затекнатата состојба на рудниците и хидроакумулациите, како и потребни сервисни активности на постројките со што ќе се овозможи континуирано производство на електрична енергија во наредниот период, особено во претстојната грејна сезона. вј/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан