• недела, 22 декември 2024

Администрацијата на Бајден најави високи нови царини за увоз од Кина

Администрацијата на Бајден најави високи нови царини за увоз од Кина

Вашингтон, 14 мај 2024 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска соопшти дека СAД ќе воведат високи нови царини за широк спектар на производи увезени од Кина, како што се полупроводници, батерии, соларни ќелии или критични минерали.

Вашингтон, исто така, ќе ги зголеми тарифите за медицински производи или пристанишни кранови покрај претходно најавените зголемувања на тарифите за кинескиот челик, алуминиум и електрични возила, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Белата куќа соопшти дека промените ќе влијаат на околу 18 милијарди долари во тековниот годишен увоз и дека зголемувањето на царините е неопходно за да се заштити американската индустрија од нелојална конкуренција. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан