• петок, 22 ноември 2024

Адеми: Италијанска поддршка за нашите евроинтегративни процеси

Адеми: Италијанска поддршка за нашите евроинтегративни процеси

Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) - Во рамките на Конференцијата на комисиите за европски прашања на парламентите на земјите-членки на Европската Унија, што се оддржува во Мадрид, претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми остварил одделна средба со Алесандро Џилио Вигна, претседател на Комисијата за ЕУ политики и Алесандро Катанео, член на Комисијата од Парламентот на Италија.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, биле се претставениа перспективите и критичните прашања поврзани со патот на нашата земја кон пристапувањето во ЕУ, како и во однос на транспонирањето на acquis communautaire, така и во однос на поддршката на јавното мислење.

-Изјавувајќи дека двете земји негуваат пријателски и сеопфатни односи, претседателот Адеми ја изрази својата решеност за продлабочување на соработката и интензивирање на политичкиот дијалог во следниот период. Тој се заблагодари за континуираната поддршка на Италија во процесот на европска интеграција, посочувајќи дека улогата на Италија, како релевантен надворешно-политички партнер на Северна Македонија е од големо значење во процесот на пристапување, се наведува во соопштението.

Во поглед на пристапувањето во ЕУ, претседателот на Комисијата за ЕУ политики на италијанскиот парламент, Џилио Вигна, ја изразил целосната поддршка на неговата земја за Северна Македонија, нагласувајќи дека Италија може да обезбеди помош во однос на пристапувањето во ЕУ преку зајакнување на севкупната соработка.

Тој изразил уверување дека за време на својата функција ќе ја подобри парламентарната соработка на сите нивоа. 

Вигна, како што се додава во соопштението, информирал дека Комисијата за ЕУ политики при Домот на пратеници во моментов разгледуваат и дебатираат за важни резолуции во врска со поддршката на Италија на процесот на проширување на ЕУ кон земјите од Западен Балкан.

Соговорниците ги разгледале можностите за натамошно унапредување на билатералните односи во областите од заемен интерес, при што беше истакната натамошната развојна соработка на политичко и економско ниво. дма/са/

Фото: Собрание на РСМ

 

Остани поврзан