• петок, 22 ноември 2024

Адеми: Европскиот фронт има над 30 илјади гласови повеќе од „Вреди“

Адеми: Европскиот фронт има над 30 илјади гласови повеќе од „Вреди“

Тетово, 8 мај 2024 (МИА) - Шефот на Изборниот штаб на Европскиот фронт Арбр Адеми вечерва на втората прес-конференција соопшти дека од половина од обработените гласови, коалицијата „Европски фронт“ води со над 30 илјади гласови во однос на коалицијата „Вреди“. 

- Од 50 отсто преброени гласови, според прелиминарните резултати, разликата меѓу Европскиот фронт и опозицијата е над 30 илјади гласови. Речиси во сите општини сме во предност. Во Дебар 2:1, во Струга повеќе од 2:1, Кичево 5:1, Врапчиште повеќе од 2:1. Во предност сме и во Тетово, Гостивар, Куманово, Липково... , изјави Адеми.

Проценките на коалицијата се дека ќе имаат над 20 пратенички мандати. ас/бак/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан