• недела, 30 јуни 2024

АВМУ: Осуда за говорот на претседателот на Левица Апасиев на Фејсбук

АВМУ: Осуда за говорот на претседателот на Левица Апасиев на Фејсбук

Скопје, 4 март 2024

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува крајно вулгарниот и недоличен говор во објавата на претседателот на политичката партија Левица Димитар Апасиев на социјалната мрежа Фејсбук кој се однесува на телевизија Канал 5.

Покрај јавното етикетирање и дискредитирање на медиумот и неговото одговорно лице, упатен е и повик за бојкот на огласувачите и нивните производи на ТВ Канал 5, при што се споменува системска организирана антикампања.

 

Ваквото однесување е апсолутно неприфатливо, особено станува збор за политичари и јавни личности кои треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на медиумите. Политичарите и носителите на јавни функции мора да свесни за тежината на искажаните зборови и одговорноста што ја имаат пред граѓаните. Непримерната комуникација негативно се одразува на слободата на изразување, пред се во чувствителни периоди како предизборните и го нарушува достоинството на медиумските работници.

АГЕНЦИЈА ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

 

АГЕНЦИЈА ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан