Авиони полнат вода од Охридското Езеро, се гасне пожар во демирхисарско
- Авиони попладнево полнат вода од Охридското Езеро, вклучени во гаснењето на пожарот лоциран на потегот меѓу демирхисарското село Слошетица и Плаќе и Брежани во охридско-дебрчкиот крај.
Охрид, 26 јули 2024 (МИА) – Авиони попладнево полнат вода од Охридското Езеро, вклучени во гаснењето на пожарот лоциран на тешко пристапен терен, на потегот меѓу демирхисарското село Слошетица и Плаќе и Брежани во охридско-дебрчкиот крај.
Акцијата се одвива во координација со Центарот за управување со кризи.
Од Центарот за управување со кризи посочуваат дека во акцијата за гаснење на пожарот во демирхисарско вклучени се два „Ер трактори” на Дирекцијата за заштита и спасување. аб/дма/
фото: МИА