• петок, 22 ноември 2024

АА - крило на Зијадин Села: Дали албанската опозиција се уште мисли дека ВМРО и Мицкоски се реформирани?

АА - крило на Зијадин Села: Дали албанската опозиција се уште мисли дека ВМРО и Мицкоски се реформирани?

Скопје, 19 април 2024

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ги потврди сите предупредувања на Европскиот фронт и Алијансата за Албанците, дека подготвува фронт против ЕУ и НАТО, со Левица на Апасиев и ЗНАМ на Димитриевски. За да биде тоа недоволно, Мицкоски денеска го нарече багра мнозинството Албанци во Северна Македонија, велејќи дека нема да дозволи да се формира коалиција со Албанците кои сакаат да ја водат земјата кон ЕУ и Западот. Оваа изјава само докажува дека тој е продолжение на Груевски и Јанкуловска, кои во минатото Албанците ги нарекуваа индијанци и со слични епитети.

Ваквите најави се за осуда, неприфатливи и неостварливи, само доколку не им помогнат сателити кои говорат албански.

Сега кога се јасни позициите на македонската опозиција, јавно ја прашуваме албанската опозиција и нивниот кандидат за претседател Арбен Таравари, дали се уште мислат дека ВМРО и Мицкоски се реформирани и дали се уште се надеваат дека и по поразот на изборите ќе влезат во Владата како „багра“ на ВМРО. Бараме од Таравари и другите мали опозициски партии да се оградат од ВМРО и коалицијата анти Западот и јавно да ги осудат ваквите изјави.

Алијанса за Албанците

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан