• недела, 22 декември 2024

АА: Да се осуди писмената закана за да се спречи насилството во иднина

АА: Да се осуди писмената закана за да се спречи насилството во иднина

Скопје, 27 јули 2024 

Најостро ги осудуваме заканите кон пратениците Албанци во Собранието на РСМ. Овие заканувачки пораки се и поттикнување на омраза и насилство, а претставуваат директна опасност по животите на пратениците и секој граѓанин во државата. Молкот и неказнивоста на ваквите постапки претставува охрабрување за луѓето кои овој пат се дрзнаа писмено да се закануваат, а утре можеби ќе се осмелат да дејствуваат.
Релативизирањето на ваквите закани остава простор за поттикнување криминални и националистички групи во земјата.
Дополнителен мотив за овие постапки е националистичкиот пристап на Владата, суровиот јазик кој почна да се користи кон Албанците дури и од македонските политички експоненти и целосната индиферентност на албанските партии во Владата кои ни овој случај не го гледаат како доволен за осуду и институционално постапување.
Ги повикуваме органите на прогонот да го расветлат овој случај, заканувачите да се откријат и санкционираат и да испратат порака со која ќе се спречи насилството додека се уште е во фаза на вербална реторика.

Алијанса за Албанците 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан