• среда, 20 ноември 2024

 Турција: Ги осудуваме нападите на Ерменија врз Гања

 Турција: Ги осудуваме нападите на Ерменија врз Гања
Истанбул, 4 октомври 2020 (МИА) - Турција ги осуди, како што ги нарече, нападите на Ерменија врз азербејџанскиот град Гања и ја повтори поддршката за правото на самостојна одбрана на Азербејџан во рамките на меѓународно признатите граници. Нападите на Ерменија врз цивилите во Гања ... се нова манифестација на нелегалниот ерменски став. Ние ги осудуваме овие напади", соопшти турското Министерство за надворешни работи. Анкара го поддржува Баку и ги отфрла повиците од други земји за итен прекин на огнот. Азербејџанските власти претходно соопштија дека ерменските сили го гранатираа Гања, вториот по големина град во земјата, во ескалацијата на војната во Јужен Кавказ, која започна пред една недела. Ерменија негираше дека насочила оган од „каков било вид“ кон Азербејџан. паг/    

Остани поврзан