• понеделник, 23 декември 2024

МНР на Украина ги осуди „провокативните“ руски акции во Црното Море

МНР на Украина ги осуди „провокативните“ руски акции во Црното Море

Киев, 14 август 2023 (МИА) - Украина денеска ги осуди, како што ги нарече, провокативните руски акции, еден ден откако руски воен брод испука предупредувачки истрели кон товарен брод во Црното Море.

-Министерството за надворешни работи на Украина најостро ги осудува провокативните дејствија што ги изврши Руската Федерација на 13 август во Црното Море во врска со турскиот товарен брод „Сукру Окан“ кој беше на пат кон пристаништето Измаил. Руската морнарица грубо ја прекрши Повелбата на ОН, Конвенцијата на ОН за правото на морето и другите норми на меѓународното право. Овие акции се пример за намерната политика на Русија за загрозување на слободата на навигација и безбедноста на комерцијалниот брод во Црното Море, се вели во соопштението на Министерството.

Најмалку три лица се ранети во два брана руски беспилотни летала и ракетни напади во текот на ноќта врз пристанишниот град Одеса, соопштија денеска официјални лица и војската во регионот на Црното Море во Украина.

-Како резултат на непријателскиот напад во Одеса, избувнаа неколку пожари поради паѓање на фрагменти од ракетата, рече гувернерот Олех Кипер на каналот Телеграм.

Ударниот бран ги искрши стаклата на зградите.

Јужната команда на украинските вооружени сили објави дека нејзините сили за противвоздушна одбрана ги уништиле сите 15 беспилотни летала и осум ракети од типот Калибр, лансирани од Русија на пристаништето.

Студентски дом и супермаркет се оштетени од паѓање на остатоци од проектил, објави командата на социјалните мрежи.

Одеса, најголемото пристаниште и поморска база во Украина, постојано беше нападната со проектили и беспилотни летала откако Русија се повлече од договорот со кој се дозволува испорака на жито од украинските пристаништа во јули. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан