Tрибина „Гимназиското образование – Предизвици и перспективи“
- Во организација на Прогрес Институтот за социјална демократија, денеска во Скопје ќе се одржи јавна трибина насловена „Гимназиското образование – Предизвици и перспективи“ .

Скопје, 25 февруари 2025 (МИА) - Во организација на Прогрес Институтот за социјална демократија, денеска во Скопје ќе се одржи јавна трибина насловена „Гимназиското образование – Предизвици и перспективи“ .
На трибината, како што соопштија организаторите, ќе се анализира предложената нова концепција за гимназиско образование, ќе се отворат клучни прашања за квалитетот на образованието во земјава, a ќе се понудат и предлози за унапредување на постојната концепција, врз основа на успешни примери.
Панелисти на трибината ќе бидат проф. д-р Зоран Матевски од Институтот за социологија при Филозофскиот факултет - Скопје, гимназискиот професор и доктор по филозофски науки, Трајче Серафимовски и дипломираниот професор по филозофија и пратеничка во македонското Собрание, Даниела Николова.
Трибината, како што велат од Прогрес Институтот за социјална демократија, ќе обезбеди експертска дебата без политизирање, со цел критички да се анализира предложената реформа и да се дадат алтернативни решенија. дма/бак/
Фото: Прогрес Институт за социјална демократија