• петок, 22 ноември 2024

Tаравари учествува на 74-от регионален состанок на СЗО во Копенхаген

Tаравари учествува на 74-от регионален состанок на СЗО во Копенхаген

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари, денеска учествува на свеченото отворање на 74-от регионален состанок на Светската здравствена организација (СЗО).

- Овој важен настан е посветен на заедничките напори за подобрување на јавното здравје и развој на здравствените системи во регионот. Со учество на високи претставници од различни земји, се очекува продуктивна размена на идеи и стратешки решенија за предизвиците во здравствениот сектор, информира Таравари.

Учеството на министерот Таравари ја потврдува посветеноста на Северна Македонија да учествува активно во глобалниот дијалог за напредок на јавното здравје и справување со актуелните предизвици во здравствениот сектор. дма/са/

Фото:  Арбен Таравари

Остани поврзан