• понеделник, 23 декември 2024

Scalefocus најави вработување на 300 инженери во наредните пет години

Scalefocus најави вработување на 300 инженери во наредните пет години
Скопје, 20 април 2021 (МИА) - Меѓународната компанија за софтверско инженерство Scalefocus најави дека ќе вработи 300 инженери во следните пет години кои ќе работат на иновативни проекти за дел од најголемите светски компании. Од компанијата, која што во нашата држава вработува ИТ професионалци и програмери од земјава, денеска соопштија дека веруваат во високиот инженерски потенцијал и капацитетот на локалниот ИТ еко-систем. - Како земја отсекогаш сме имале многу квалитетни инженери, кои работат на светски проекти. Нашите инженери и ИТ професионалци придонесуваат со креативни решенија за подобрување на процесите на нашите клиенти. За нас, иако формалното образование е исклучително важно, не е пресудно во процесот на вработување, бидејќи главните карактеристики кои ги цениме се компетентноста во програмирање и системот на вредности, без разлика каде се стекнати, вели во пишана изјава одговорното техничко лице на Scalefocus во државава Горан Стојановски. Нашите планови за развој во земјава, посочува Стојановски, се многу големи. Свесни сме дека за да ги оствариме, не е доволно само да ги ангажираме најдобрите ИТ професионалци, туку потребно е да им ги обезбедиме најдобрите услови за работа, атрактивните канцеларии, програмата за флексибилни придобивки, можноста за работа од секаде, како и планирањето на нивниот професионален развој. Scalefocus на нашиот пазар се присутни неколку години, а од крајот на 2019 година имаат со канцеларија во Скопје.цр/лв/

Остани поврзан