Русија осуди 23 заробени украински војници на казна затвор од 13 до 23 години
- Русија денеска осуди 23 заробени украински војници за тероризам, а тоа судење Киев го нарече наместено и додаде дека е кршење на меѓународното право.

Москва, 26 март 2025 (МИА) - Русија денеска осуди 23 заробени украински војници за тероризам, а тоа судење Киев го нарече наместено и додаде дека е кршење на меѓународното право.
Меѓу обвинетите има 14 сегашни или поранешни борци од бригадата „Азов“, која Русија ја означи како терористичка група, како и девет жени и еден маж кои работеле како готвачи или помошен персонал, според руските медиуми и активисти за човекови права.
Дванаесет обвинети не беа во судот, 11 се вратија во Украина во две размени на затвореници и беа осудени во отсуство, а еден обвинет почина во притвор минатата година.
Сите беа обвинети за насилен државен удар и организирање на активности на терористичка организација.
Тие беа осудени на казна затвор од 13 до 23 години. рп/
Фото: МИА архива