• вторник, 17 декември 2024

Независен синдикат на просветните работници на Србија: На сите ученици петки на полугодие

Независен синдикат на просветните работници на Србија: На сите ученици петки на полугодие

Белград, 16 декември 2024 (МИА) - Со оглед на тоа што Владата не презеде соодветни мерки за зголемување на безбедноста во училиштата, членовите на Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС) влегуваат во третата фаза од белиот штрајк - ќе заклучуваат оценки „Одличен 5“ на сите ученици на полугодие, соопшти синдикатот.

Тие ги повикаа сите наставници да го искористат своето законско право и да им впишат одлични оценки на своите ученици, бидејќи тоа ќе испрати силна порака до јавноста и до носителите на одлуки дека наставниците нема вечно да чекаат институционални заштита со скрстени раце, работа во услови на секојдневно вербално и физичко насилство, јавија српските медиуми.

Третата фаза од белиот штрајк е и најава за можен „црн штрајк“ во второто полугодие, што подразбира отсуство на конечни оценки на крајот од учебната година.

Членовите на синдикатот во моментов гласаат за целосен прекин на работата в петок, 20 декември, со оглед на тоа што едночасовните прекини со работа во петокот на 6 декември и петокот на 13 декември не резултираа со побара прекин на срамните изјави на државните функционери за учениците и наставниците и оставка од министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ, наведуваат медиумите во Србија.

Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија претходно ги поддржа барањата на студентите кои ги блокираа факултетите и ги повика наставниците да им се придружат. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан