• четврток, 05 декември 2024

MЖСПП ја поддржува акцијата „Генералка викенд“ 

MЖСПП ја поддржува акцијата „Генералка викенд“ 

Скопје, 4 декември 2024 (МИА) - Преку потпишување Меморaндум за соработка од страна на првиот заменик премиер и министер за животна средина и просторно оланирање Изет Меџити, со Гордана Софија и Ханес Јаецкл од ‘Man&Mountain’, МЖСПП продолжува со поддршката на најголемата волонтерска акција за собирање и селектирање на отпадот во нашата државата, „Генералка викенд“, информираат од Министерството.

Оттаму додаваат дека посветено работат на спроведување на политиките за одржливо управување со отпадот. При тоа, спроведуваат и поддржуваат активности за чистење на постоечки депонии и спречување на создавање на нови на целата територија на државата, вклучително и заштитените подрачја.

-Оваа активност ја поддржуваме уште од самиот почеток во текот на изминативе 4 години. За нас како Министерство и како Влада, од голема важност е подигањето на свеста не само кај граѓаните, туку кај сите чинители - институции, бизнис заедница и други, како и развивањето на позитивните навики за постапување со отпадот што го создаваме, уште од најмали нозе, истакнал првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

„Генералка Викенд“, велат од Министерството, е исклучителен пример на добра соработка на институциите на национално и локално ниво со домашни и странски компании, колективни постапувачи со отпад образовни институции, граѓански организации, медиуми, волонтер и други. 

Во годинашната пролетна акција се вклучија сите општини, вкупно 81, а преку 20.000 волонтери - деца, студенти, пензионери, работници во комуналните претпријатија и општини, претставници од невладини организации, спортски клубови, национални паркови, вооружение сили, специјалните единици при МВР и многу други, исчистија повеќе од 400 локации низ цела земјата. сст/дма/

Фото:  МЖСПП

 

Остани поврзан