• понеделник, 23 декември 2024

Обвинителството на ХНК отвори предмет за каменоломот во Долна Јабланица

Обвинителството на ХНК отвори предмет за каменоломот во Долна Јабланица

Сараево, 7 октомври 2024 (МИА) - Обвинителството на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) отвори случај за каменоломот во Долна Јабланица, откако премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина на прес-конференција рече дека штетата немало да биде толку голема и дека ќе немаше толку многу жртви да не се урнеше каменоломот, кој се наоѓа на падината над ова село.

Никшиќ тврди дека компанијата ги немала сите валидни дозволи за стопанисување со каменоломот.

„Министерката не извести, а доби и информација од кантоналното министерство, дека оваа компанија е формирана во 2001 година, но дека никогаш не била издадена документација за концесија и одобрение за експлоатација“, рече Никшиќ.

Кантоналното обвинителство наведува дека е формиран предмет и е назначен тим од обвинители кои ќе работат на овој случај.

Припадниците на МВР на ХНК, под надзор на обвинителот, ги проверуваат наводите и информациите со цел да се утврдат сите околности под кои се случила оваа трагедија, информираат од кантоналното обвинителство. паг/

 

 

Остани поврзан