• петок, 05 декември 2025

Kултурна есен во Делчево: Филм, концерти и традиција во организација на НУ ЦК „Никола Јонков Вапцаров“

Kултурна есен во Делчево: Филм, концерти и традиција во организација на НУ ЦК „Никола Јонков Вапцаров“

Делчево, 22 октомври 2025 (МИА) - Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ - Делчево подготви богата културна програма за граѓаните на градот, со три настани кои ја одбележуваат есенската културна сезона.

Вечерва, со почеток во 18 часот, во кино салата во Делчево ќе се прикаже норвешкиот филм „Викторија мора да замине“ (Victoria Must Go), синхронизиран на македонски јазик. Филмот, наменет за публика над 12 години, трае 85 минути и раскажува приказна за брат и сестра кои решаваат на необичен начин да се справат со својата маќеа. Влезницата изнесува 100 денари.

-Во рамки на програмата, Центарот за култура го најавува и концертот „Културна кауза“, на кој ќе настапат Билјана Петровска, Никола Стојковски и Арна Шијак. Настанот носи порака за поддршка и зајакнување на културните вредности во заедницата. Концертот е закажан за 24 октомври 2025 со почеток во 20:00 часот, информираа од НУЦК „НЈ.Вапцаров“ Делчево.

Културната есен ќе продолжи на 29 октомври 2025 година, кога во Салата на Спомен Дом АСНОМ во Делчево, со почеток во 19 часот, ќе се одржи целовечерен концерт на Универзитетскиот ансамбл „Македонија“ под мотото „Ансамбл Македонија со вас!“. Публиката ќе може бесплатно да ужива во вечер исполнета со песна, игра и ритам на македонската традиција.

Со овие настани, НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ уште еднаш ја потврдува својата улога како двигател на културниот живот во Делчево и регионот. вс/ац/

Фото: НУЦК Н.Ј.Вапцаров Делчево 

Остани поврзан