• вторник, 24 декември 2024

Израелски претставник тврди дека Хамас го одбил предлогот за краткотрајно примирје

Израелски претставник тврди дека Хамас го одбил предлогот за краткотрајно примирје

Тел Авив, 5 ноември 2024 (МИА) - Анонимен израелски претставник денеска изјави дека палестински Хамас го отфрлил предлогот за договор за краткотраен прекин на огнот во војната во Газа и ослободување на заложниците.

„Ништо не се случува на теренот додека не ги дознаеме резултатите од изборите во САД“, изјави претставникот, пренесоа израелските медиуми.

Тој ги потврди претходните вести во израелските медиуми дека владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на заложниците им нуди пари и безбеден премин во замена за нивно ослободување.

И покрај напорите за посредување на Египет, Катар и САД, никој не успеа да ги натера Хамас и Израел да се согласат за прекин на огнот и ослободување на заложниците по пропаѓањето на последнaта пауза во борбите кон крајот на минатата година. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан