• среда, 06 ноември 2024

„5.17“ - нова изложба на слики и монотипии од академскиот уметник Диме Темков

„5.17“ - нова изложба на слики и монотипии од академскиот уметник Диме Темков

Скопје, 26 јули 2023 (МИА) - Нова изложба на слики и монотипии насловена „5.17“ од академскиот уметник Диме Темков, посветена на циклусот меморијални настани во спомен на трагичниот земјотрес во Скопје во1963 година, ќе биде отворена вечер во 21 часот, во Културно-информативниот центар - Скопје.

За поставката се посочува дека уметникот во своите нови слики, отворено и емотивно размислува за вечните теми на смртта, сеќавањето и победничката моќ на животот и љубовта.

-Ова е возбудливо и многу трогателно искуство кое го вклучува секој гледач во процесот на заедничка ретроспективна уметничка рефлексија. Ова е многу релевантна изјава надвор од вообичаените идеи за сè, вклучително и уметноста и инспирација. Ова е вистински „mindsight" - искуство на «седмо сетило». Ова е нов Диме Темков, се посочува кон изложбата.

Диме Темков е роден 1971 година во Скопје. Во 1990 година завршил Средно уметничко училиште Лазар Личеновски - отсек графика, а потоа студирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, кај проф. Димче Николов, каде дипломирал во мај 1995 година. Во септември истата година се запишал на постдипломски студии по графика на Академијата за ликовни уметности во Љубљана кај проф. Лојзе Логар. Живее и работи во Љубљана.

Диме Темков имал повеќе од 50 самостојни изложби. Организирал 20 меѓународни ликовни колонии. Од 2011 година е член на Ротариклубот Логатец. Од 2012-2014 година го основал и раководел културниот центар Простор во Љубљана. Во 2014 година го основал и раководел со македонскиот микрокултурен центар Галерија МКД во Љубљана. Во 2016 година го основал Институтот Трансфигурација. Од 2020-2022 година соработувал во комитетот за етика и култура при Ротари Дистриктот 1912 на Словенија и Македонија.

Изложбата ќе биде отворена до 15 август, 2023 година. вг/

 

Фото: принтскрин од постер

Остани поврзан