• четврток, 07 ноември 2024

Џони Ортиз обвинет за обид за убиство

Џони Ортиз обвинет за обид за убиство
Лос Анџелес, 22 јули 2020 (МИА) - Кубанско-порториканскиот глумец Џони О, т.е. Хуан Ортиз се најде зад решетки. Обвинет е за обид за убиство. Од порталот ТМЗ дошле до судска документација каде што се наведува дека Ортиз заедно со Армандо Мигел Наваро пукале во Брајан Дјук. Наводите говорат дека Наваро бил тој кој пукал со пиштол. Не е јасно каква е улогата на Џони Ортиз во сѐ тоа. Нападот, според документите, е означен како дел од судир меѓу улични банди. Ортиз е познат по улогите во филмовите „Ел Камино“ (продолжението на „На лош пат" / „Breaking Bad"), „Пеперминт“, биографскиот „Али“ и други. Тој бил уапсен кон крајот на мај, а неделава треба да се појави пред судот. Семејството се обидува да собере 1,12 милиони долари за кауција.  си/

Остани поврзан