• петок, 22 ноември 2024

Џони Деп сведочеше против британски „Сан“

Џони Деп сведочеше против британски „Сан“
Лондон, 8 јули 2020 (МИА) - Американскиот глумец Џони Деп на своето сведочење ги отфрли наводите на неговата поранешна сопруга Амбер Хард, која тврдеше дека била претепувана од него, опишувајќи го како чудовиште. Во Врховниот суд во Лондон, Џон Кристофер Деп Втори поднесе тужба за клевета против британскиот таблоид „Сан“ за напис од 2018 година. Актерот и неговиот адвокат Дејвид Шерборн ги негираа тврдењата на Хард, дека таа веќе стравува за нејзиниот живот поради него, и рекоа оти, напротив, таа била таа што во еден миг го удрила Деп. - Таа беше насилничката во семејството. Амбер Хард е противречна и агресивна личност која страда од екстремни растројства во расположението. Таа постојано предизвикуваше скандали и насилни напади!, посочи адвокатот. За време на неговото сведочење, Деп призна дека земал дрога уште од 11-годишна возраст, бидејќи неговата семејна околина била прилично нестабилна. - Тоа беше единствениот начин да се потисне психолошката болка што ја доживеав. Честопати се разбеснував во годините подоцна, но тоа не значи дека имам проблеми да се справам со гневот. Кога работите ќе излезеа од колосек, јас секогаш се повлекував на моето ќоше, рече Деп. Во процесот, и Деп и Хард ќе ќе имаат свои излагања. Тие двајцата се сретнаа 2011 година на снимањето на „Дневникот на румот“ (The Rum Diary). Се венчаа во февруари 2015 година. Само 15 месеци подоцна, Хард поднесе барање за развод и неколку дена подоцна доби налог за одредено физичко растојание, односно „недоближување“ против Деп. Глумицата го обвини сопругот за физичко вознемирување, тој негираше. Нивниот развод заврши 2017 година, со отповикување на ограничувачкиот налог и согласност на Деп да ѝ плати седум милиони долари на Хард. Како сведоци се очекува да бидат повикани и поранешните партнери на глумецот - Ванеса Паради и Винона Рајдер, кои во прелиминарните рочишта рекоа дека Деп никогаш не бил насилен. Цената на адвокатите и трошоците на судењето веројатно ќе го надминат надоместокот што може да му биде доделен на Деп во случајот. Деп ја тужи Хард и за 50 милиони долари за нарушување на угледот во друг случај, во САД. Тој процес се очекува да почне следната година.  си/

Остани поврзан