• сабота, 23 ноември 2024

Џими Батлер од непозната причина го пропушти првиот тренинг на Мајами

Џими Батлер од непозната причина го пропушти првиот тренинг на Мајами
Мајами, 7 декември 2020 (МИА) - Лидерот на Мајами, Џими Батлер не присуствуваше на првиот тренинг на тимот во неделата, објави новинарот на „АП“, Тим Рејнолдс. Ѕвездата на „жешките“ која го предводеше тимот до финале за прв пат од 2014 година, го пропушти тренингот со дозвола на главниот тренер Ерик Споелстра. Сепак, причината за неговото отсуство е непозната. Неколку играчи од НБА беа позитивни на коронавирус пред почетокот на новата сезона. Почетокот на новото првенство е закажано за 22 декември. зс/

Остани поврзан