• вторник, 19 ноември 2024

Џејмс Родригез продолжува во МЛС

Џејмс Родригез продолжува во МЛС

Сао Паоло, 8 февруари 2024 (МИА) - Колумбиецот Џејмс Родригез кој во средината на минатата деценија важеше за еден од најголемите фудбалски таленти, повторно е во потрага по нов клуб по заминувањето од бразилски Сао Паоло.

Како главна причина за раскинување на договорот со бразилскиот клуб се наведува незадоволството поради оддалеченоста од семејството. Неговиот договор е со важност до 2025 година, пишува „Глобо еспорте“.

Џејмс нема одиграно официјален натпревар повеќе од два месеци, а последен пат беше на теренот на 26 ноември во ремито без голови против Кујаба. Оваа година, учествуваше во претсезонските натпревари без да биде повикан за натпреварите во шампионатот Паулиста или бразилскиот Суперкуп минатиот викенд.

По натпреварот во средата помеѓу Сао Паоло и Агуа Санто во Морумбија, каде што исто така не се појави Џејмс, тамошните медиуми веќе започнаа да пишуваат дека се очекува раскин на договорот во следните неколку дена.

Џејмс веќе има планови за својата следна дестинација, а најконкретна опција е Реал Солт Лејк од МЛС, бидејќи тој тим го води Аргентинецот Пабло Мастроени и има четворица колумбиски играчи: Брајан Вера, Нелсон Паласио, Карлос Андрес Гомеш и Кристијан „Чича“ Аранго.

По трансферот од Монако во Реал Мадрид во 2014 година, Родригез е во постојан пад со својата кариера. Не вродија ни позајмици во Баерн и една епизода во Евертон, па се тешеше потпишувајќи за Ал Рајан и Олимпијакос. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан